Search

Србија парализирана, вонредна состојба во 35 општини: евакуирани луѓе, урнат мост, излеани реки

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 35 општини поради невремето. Обилните врнежи направија големи проблеми, излеани се реки и потоци. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ целата држава. Се евакуираат луѓе во погодените места.

Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во местото Адрани кај Краљево, така што дел од автопатот кон Чачак е во прекин. Во прекин синоќа беше и стариот пат за Чачак, но сега е прооден.

Утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што е наведено, до Краљево се стигнува преку обиколницата на општинскиот пат преку селата Милоча и Сирча.

Патиштата кои беа непроодни сега се повторно во функција, но бараат поголема внимателност и побавно возење додаваат од „Патишта на Србија“.

Автомобилскиот сојуз на Србија соопшти дека обилните врнежи се уште можат да предизвикаат застој во сообраќајот и вонредни нарушувања, особено во вториот дел од денот кога за многумина завршува работната недела, а сообраќајот се зголемува.

Метеоролозите очекуваат поголемо количество врнежи во источните, централните и југоисточните делови на Србија, кои на патиштата во овие области, особено во планинските предели, покрај реките и низ усеците, каде што може да има одрони и излевање на поројни води, па возачите треба да бидат подготвени да реагираат на непредвидени опасности во секој момент.

Треба да знаете
Последни објави