Властите во западната индиска држава Гуџарат евакуираа повеќе од 75.000 луѓе од загрозените крајбрежни области поради циклонот Бипарџој, кој се очекува вечерва да стигне до индиското копно, а некои жители на пакистанскиот град Карачи доброволно се евакуирани поради невремето.
Индиската метеоролошка агенција (ИМД) предупреди дека невремето може да предизвика големи штети на посевите, насадите и патиштата, како и можен прекин на железничкиот сообраќај.
Индиските власти одлучија дека училиштата ќе бидат затворени денеска, а користењето на плажите во Гуџарат е забрането.
Невремето се очекува да има максимална брзина од 115 до 125 километри на час.
Дел од населението е доброволно евакуирано од пакистанскиот град Карачи, иако не е под директна закана, но преземени се вонредни мерки поради невремето и дождот што се очекува денеска.