Search

Мајка од Австрија го мачела 12-годишниот син – го чувала во кафез и го изгладнувала

Австриската полиција соопшти дека осомничила 32-годишна жена за обид за убиство.

Жената во ноември беше приведена поради тортура врз нејзиниот 12-годишен син.

Го затворила во кафез, го чувала на температури под нулата и го изгладнувала и го полевала со студена вода, а животот на момчето бил во опасност кога пристигнал во болница.

Случајот предизвика вознемиреност во Австрија откако се појави во јавноста оваа недела, пренесува „АФП“.

Таа била уапсена откога социјален работник се јавил на 911 на 22 ноември. Вработените во Итната помош го пронашле момчето во хипотермична и коматозна состојба. Центарот за социјални работи интервенирал откако наводно биле алармирани од таткото на момчето, кој живее одвоено.

Момчето имало телесна температура од 26,8 степени и било блиску до смртта откако било мачено со месеци, изјави за „АФП“ Јохан Баумшлагер, портпарол на полицијата на провинцијата Долна Австрија.

Момчето итно било пренесено во болница, а мајката била уапсена следниот ден.

„Мајката е осомничена дека врз синот истурала студена вода неколку пати на ден и ги отворала прозорците неколку часа, додека температурите надвор биле под нулата“, рече Баумшлагер.

„Момчето сега физички се опорави, но сè уште е психички скршен“, додаде тој.

Мајката се жалела на повеќемесечниот притвор, но Врховниот суд ја одбил нејзината жалба.

Случајот треба да продолжи до крајот на летото, кога ќе биде донесена одлука за обвинение.

Треба да знаете
Последни објави