Search

Битиќи: Албанските партии ја препознаваат СДСМ како локомотива која ги влече евроатлантските процеси

За албанскиот политички спектар во Северна Македонија нема дилеми дека Социјал Демократската Сојуз на Македонија (СДСМ) е локомотивата која ги влече напред евроатлантските интегративни процеси на земјата, од членството во НАТО и сега отпочнувањето на преговорите се ЕУ во ноември, за што веќе сите политички партии ја отфрлаат можноста за коалиција со ВМРО- ДПМНЕ.

Ова во интервју за порталот „Локално“ го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, коментирајќи го условот на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, дека ќе гласа за уставни измени само доколку ДУИ излезе од владата, кое интегративците го прифатија.

„Да го поставиме прашањето во спротивна насока, колку ДУИ е подготвена да соработува со ВМРО-ДПМНЕ, и не само ДУИ, кога целиот албански политички блок веќе јасно кажа дека е неприфатливо за нив да влезат во влада во која ќе биде и ВМРО-ДПМНЕ. Ова можеме да го протолкуваме како прepoзнавање на СДСМ како водечка локомотива на евроинтеграцискиот процес“, рече Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави