Search

Стано: Новата Влада на Црна Гора треба да го задржи курсот на целосна хармонизација со ЕУ

 Европската унија очекува новата влада на Црна Гора да го задржи досегашниот курс на целосно усогласување со надворешната политика на Унијата, изјави портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано.

– Црна Гора е една од земјите-кандидати со долг рекорд на 100 проценти усогласеност со надворешната политика на ЕУ, рече Стано.

Тој додаде дека ЕУ тоа редовно го нагласува и цени бидејќи, како што наведе, „оваа усогласеност има цена за земјата бидејќи ја прави мета на странско злонамерно мешање“.

Стано информира дека европските институции го следат изборниот процес и нагласи дека официјалната реакција ќе биде соопштена по прелиминарниот извештај на ОХИР/ОБСЕ.

– За нас е важно што изборите се одржаа и Црна Гора, за да ја задржи водечката позиција како кандидат за членство, што подразбира стопроцентно усогласување, да го задржи својот курс, рече Стано.

Тој додаде дека Црна Гора треба да постигне напредок во важните реформи, особено во делот на владеењето на правото и реализацијата на другите услови кои произлегуваат од процесот на членство.

Стано додаде дека ЕУ е убедена оти Црна Гора и со новата влада ќе продолжи да постигнува многу добри резултати и напредок во пристапниот процес.

Треба да знаете
Последни објави