Search

По 2.000 евра казна за локали во Охрид кои угостиле малолетници по полноќ

Парична казна ќе добијат два локала од Охрид каде што синоќа при контрола, полицијата затекнала 15 малолетници на кои им било овозможено присуство по 24 часот.

МВР објави дека до 2 часот по полноќ, полицијата ги „тресела“ угостителските објекти во Охрид и наишла на прекршувања.

По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2000 евра во денарска противвредност.

Треба да знаете
Последни објави