Search

Град Скопје заборави на сувите дрва, гранки паѓаат и предизвикуваат опасност по безбедноста на граѓаните

Минатата недела се појавија видеоа на кои се гледа како ЈП „Паркови и зеленило“сечат дрвја во Градскиот парк во Скопје.

Иако во јавноста постоеја сомневања дека се сечат здрави дрва, Град Скопје и јавното претпријатие тврдеа дека дрвата што се сечеле биле стари и болни.

Но фотографии направени утрово покажуваат дека во Градскиот парк се уште им мноштво на исушени дрва што не се отстрануваат.

Ваквите големи, стари и исушени дрвја се опасност за минувачите и луѓето што рекреираат во паркот, особено кога времето е нестабилно со силни ветрови и поројни дождови како што е во овој период.

Треба да знаете
Последни објави