Најмалку две жртви во судир меѓу криминални банди во Шведска

Две лица загинаа, а две се ранети во пукање за кое се сомнева дека е конфликт меѓу две криминални групи во близина на Стокхолм, јавија денеска локалните медиуми.

Во јужното стокхолмско предградие Фастри, маж вооружен со автоматско оружје отворил оган околу 18 часот во саботата, убивајќи 15-годишно момче и 43-годишен маж, додека една од ранетите е 60-годишна жена.

Шведскиот министер за правда Гунар Стремер изјави дека полицијата верува оти се истрелани вкупно 21 куршуми и ја опиша престрелката како „домашен тероризам“.

Криминалните банди станаа се поголем проблем во Шведска во последниве децении, со зголемен број престрелки, бомбашки напади и напади со гранати, а повеќето напади се случија во трите најголеми шведски градови – Стокхолм, Гетеборг и Малме, потсетуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави