Search

Има 12 статистички факти зошто Ѓоковиќ е најдобр тенисер во историјата на „белиот спорт“

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ со новиот триумф во Париз му покажа на светот дека е „најдобар на сите времиња“. За многумина критичари и аналитичари на „белиот спорт’ ја симна од дневен ред дебатата кој е првиот рекет во светот. Ваквиот епилот следува со освојувањето на својот 23. гренд-слем трофеј, со што е осамен на врвот од оваа листа со освојувачи на главните сезонски тениски турнири.

Има 12 причини поткрепени со статистички показатели зошто Ѓоковиќ се вбројува во редот на најдобар тенисер на сите времиња:

1. Ѓоковиќ е единствениот играч кој по трипати ги има освоено сите четири гренд-слем титули. Тој го освои „Австралија опен“ 10 пати, „Вимблдон“ седум пати, а „Ролан Гарос“ и „УС Опен“ по трипати.

2. Најмногу недели на врвот на АТП листата. Моментно се врати на врвот и ја започна својата 388 недела, а на 8 март 2021 година го надмина рекордот на Рожер Федерер од 310 недели. Надал остана на 209, а вреди да се напомене дека на Ѓоковиќ сето тоа му успеа без бодови од „Вимблдон“ и неиграње на последниот „УС Опен“. Како и на мастерсите во Синсинати, Монтреал, Индијан Велс и Мајами.

3. Рекордни поени во една сезона. Овој рекорд веројатно никој нема да го урне, а тоа се случи во 2015 година кога Новак освои 16,785 поени благодарение на 11 титули: Австралија опен, Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим, Вимблдон, УС Опен, Пекинг, Шангај, Париз и Завршниот мастерс.

4. Најмногу мастерси. Освен што освои најмногу грен слемови, Новак има и најмногу освоени мастерси – вкупно 38. Два повеќе од Надал и 10 повеќе од Федерер. Со уште една напомена дека на многу од нив не играше поради проблемите со вакцинацијата.

5. Единствениот тенисер кој ги освои сите девет Мастерси! И тоа не само еднаш, туку двапати. Тој освои шест од неговите девет во 2015 година. На Надал му недостасуваат Мајами, Шангај и Париз, а на Федерер Монте Карло и Рим.

6. Најдолготрајниот шампион со 11 гренд слема со +30 години! Новак во Париз во неделата го освои 11 гренд-слем со над 30 години, поточно во последните шест. Надал има осум, а Федерер четири после 30+.

7. Историски Завршен мастерс. Ѓоковиќ шестпати го освојуваше ова натпреварување со што се изедначи со Федерер. Завршувајќи непоразен во 2022 година, тој ја однесе најголемата парична награда досега од 4,6 милиони.

8. Доминира во меѓусебните мечеви против неговите два најголеми ривали. Против Надал е 30:29, додека против Федерер е 27:23. И така ќе остане кога е Швајцарецот во прашање, бидејќи Федерер се пензионираше.

9. Најдобар процент на успешност во мечевите! Ова е уште еден рекорд за Ѓоковиќ, кој победи на 1.058 дуели од 1.268 кои ги одигра во кариерата. Тоа значи дека е успешен на 83,43 проценти. Подолу е Надал со 82,9 отсто.

10. Лидер е по титули меѓу активните тенисери. Триумфот во „Ролан Гарос“ беше негов 94 трофеј со кој се израмни со легендата Иван Лендл. Надал има 92, зад водечките Конорс (109) и Федерер (103) кои повеќе не се активни на терените.

11. Најстариот победник на „Ролан Гарос“! Србинот повторно е пред Рафа, Ноле во моментот на победата над Каспер Руд имаше 36 години и 20 дена. Претходниот рекорд на Шпанецот беше 36 години и два дена.

12. Најмногу освоени гренд-слем титули! Има 23, пред Надал со 22, и Федерер кој застана на 20. Пред Ѓоковиќ годинава се настапите на „Вимблдон“ и „УС Опен“ на кои Надал нема да игра.

Треба да знаете
Последни објави