Search

ВМРО ДПМНЕ: Уставни измени по бугарски диктат нема да прифатиме, измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ за Македонија 

ВМРО-ДПМНЕ, не беше дел од процесот со кој се создаде проблемот и прифати т.н., француски предлог од страна на владата на СДСМ и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ги стави на располагање сите свои капацитети да помогне на Македонската влада во градење на национален консензус во преговорите со Бугарската влада. Бевме веднаш одбиени.

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека нема да го поддржи новиот договор помеѓу владата на СДСМ и ДУИ и Бугарската влада. Бевме игнорирани.

Преземаат обврски кои не можат да ги испорачаат, се вели во писмената реакција од опозициската ВМРО ДПМНЕ и додаваат:

ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија и покрај тоа што не е дел од проблемот кој го направи владата на СДСМ и ДУИ се обидува во неколку наврати да го реши проблемот, и притоа сме целосно свесни за нападите од политичките лешинари силно спонзорирани од владата на СДСМ и ДУИ.

Партнерството подразбира двонасочна улица и очекуваме така да бидеме третирани од страна на нашиот партнер ЕУ. Уставни измени според бугарски диктат, содржани во предлогот прифатен од владата на СДСМ и ДУИ нема да прифатиме.

Ефективни уставни измени после успешно завршени преговори и членство во ЕУ за Македонија, тоа е ПОСЛЕДНАТА и КОНЕЧНА позиција на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку ЕУ навистина сака да ја види Македонија во ЕУ, ова е одлична позиција за компромис и продолжување на процесот.

Го охрабруваме Европскиот Совет сериозно да ја разгледа позицијата на ВМРО-ДПМНЕ и заедно да овозможиме иднина на Македонските граѓани со сочувано достоинство и идентитет.

Треба да знаете
Последни објави