Search

Фестивал за класичен балет и модерен танц

По трет пат годинава на 12 и 13 јуни 2023 год. ќе се одржи единствениот од ваков тип кај нас, Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Фестивалот е во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош со поддршка на Градот Скопје.

Фестивалот за класичен балет и модерен танц е референтна точка за сите вљубеници во балтеската уметност и модерниот танц изјавува директорката на установата д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

Фестивалската програма опфаќа класичен балет и мноштво од современи стилови.  

На Фестивалот публиката ќе има можност да ги проследи изведбите на малите балерини, членови на балетската секција на ДКЦ Карпош, потоа следат, Балетското студио –Балерина,  ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”, Оља Тодоровска како и гости од странство,  Studio Baletit Angels. од Приштина и
гостите од Љубљана  KGBL .

Таа разноликост на фестивалот придонесува за афирмација на танцовата уметност кај младата популација , запознавање со иновативната содржина во негување на танцот како уметничко средство на изразност како и оценка на професионалните капацитети и ресурси за развој на танцовата уметност вели уметничкиот директор на фестивалот Маја Каревски, магистер по балетска педагогија.

Треба да знаете
Последни објави