Search

Рамо до рамо со граѓаните на Радовиш и Гевгелија: Промената на ставот кај ВМРО-ДПМНЕ и прифаќањето на уставните измени се нов момент

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” денеска потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов заедно со Весна Томовска беа меѓу граѓаните на општина Радовиш.

Пред присутните Костадинов порача дека добро е што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски го сменија ставот и не се против измените на уставот, што покажува дека сега има нови околности и потребно е дијалогот да продолжи.

– СДСМ како одговорна партија одново покажа државнички капацитет. Добро е што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го променија ставот, прифатија уставни измени и прифатија учество во Влада за европска иднина на паритетна основа. Тоа се нови моменти на политичката сцена и нови околности. Исклучително е важно сега дијалогот да продолжи, порача Костадинов додавајќи дека ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се подготвени, уште веднаш би се формирале работни групи што би разговарале за уставните измени.

Во општина Гевгелија беа Славица Грковска и Наумче Мојсовски кои пред присутните рекоа дека сега треба да се искористи шансата, да се донесат потребните измени, за конечно сите политички субјекти ја реализираат стратешката определба за полноправно членство во ЕУ. 

Треба да знаете
Последни објави