Search

Пресврт: Мицкоски ќе гласа за уставни измени, ако ВМРО-ДПМНЕ влезе во Влада

Денешната средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски донесе еден неочекуван пресврт.

Како што самиот изјави, Мицкоски е подготвен ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени, доколку неговата партија влезе во Владата.

„Ковачевски предложи во рамките на парламентот да започне дискусија и да се отвори, да се изгласа потребата со две третини за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која од десетте ресори кои ги менаџира СДСМ, пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ, да бидат завршени уставните измени, да отпочне процесот на преговори за кои пред една година не убедуваа дека е почнат, а потоа да бидат затворени едно две или три поглавја зависно од брзината, а таа Влада да оди на парламентарни избори. На оваа понуда беше даден одговор: во ред, ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во Влада со СДСМ, но без учество на ДУИ во таа Влада“ изјави денеска Мицкоски.

На овој начин Мицкоски ретерира од досегашните ставови дека тој и неговите пратеници во никој случај не би поддржале уставни, а таквиот став пред само неколку часови беше потврден и на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави