Search

Тетовските полицајци ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

СВР Тетово ги информира жителите на Полошкиот регион дека деновиве ќе се извршуваат вежби на полицајците на отворено за користење на огнено оружје. Предвидени се вежби на подрачјето и на Тетово и на Гостивар.

-Секторот за внатрешни работи Тетово на 07, 8 и 9-јуни во стрелачкиот центар „Еребино“ ќе врши боево гаѓање, што секоја година се врши со припадници на тетовската полиција, информираше денес СВР Тетово.

Според информацијата на СВР Тетово исто така, на 7 јуни во место викано „Мавровска брана“ во Маврово, на 8 јуни во ростушкото село Аџиевци и на 12 и 13 јуни во импровизираното стрелиште на местото викано „Рудина“ во село Волковија ќе се врши боево гаѓање и од страна на припадниците на гостиварската полиција.

Треба да знаете
Последни објави