Search

Грчкиот премиер свикал состанок за ситуацијата со мигрантите кај Еврос

Службениот грчки премиер Јоанис Сармас денеска свикал состанок, за „прашањето со криумчарењето мигранти на малите острови во реката Еврос“, соопштија од неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина. 

На состанокот присуствувале министрите за надворешни работи, за цивилна заштита, за миграциска политика, државниот министер, како и началникот на Генералштабот на армијата. 

Состанокот доаѓа откако вчера од мал остров во реката Еврос на грчко –турската граница беше спасена група од 91 мигрант, а меѓу нив и 34 деца, што воедно беше втор случај за краток временски период, група мигранти да се обидат преку реката Еврос од Турција да влезат во Грција, со оглед на тоа што во четвртокот беа спасени 134 мигранти.

Треба да знаете
Последни објави