Search

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

По синоќешното невреме кое предизвика одрони на патот Охрид-Свет Наум, од 22:00 часот на овој регионален пат кај с.Љубаниште, сообраќајот сега се одвива со наизменично пропуштање на возилата, јавуваат од АМСМ.

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.

Времен режим на сообраќај поради изведување градежни активности има на делницата Струмица – Дабиље, на автопатот А2 делница Скопје -Тетово, на Државен пат А1, во насока од Демир Капија кон Неготино каде што има промена на режимот на сообраќај со целосно затворање на автопатот на клучката Демир Капија, а сообраќајот е пренасочен на Регионалниот пат Р1102.

Градежни работи се озведуваат и на автопатот А1 делница Петровец – Катланово, на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, на државен пат А1, делница Велес – Неготино. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од 80km/h во зоната на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Треба да знаете
Последни објави