Search

Наполи со победа во последното коло ја прослави титулата

Новиот италијански шампион, Наполи, со победа стави точка на неверојатната сезона. Наполи кој по пауза од повеќе од три децении, конечно ја освои шампионската титула во Серија А, денеска пред своите гледачи на стадионот „Диего Марадона“ славеше со 2:0 против Сампдорија, која од наредната сезона ќе игра во Серија Б.

Двата гола наполитанците ги дадоа во второто полувреме, резултатот го отвори најдобриот стрелец во Серија А, Виктор Осимен во 64-та минута од пенал, а конечниот резултат го постави Џовани Симеоне во финишот од мечот.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас се најде во првиот тим на Наполи и одигра 68 минути пред да биде заменет од Распадори.

Ова беше последен натпревар на Лучијано Спалети како тренер на Наполи, кој ја напушта функцијата по исклучително успешната сезона. Тој одлучи да земе една година одмор пред да ја продолжи кариерата.

Треба да знаете
Последни објави