Search

Километарска колона, заглавени возила, нервоза- за излез од Грција се чека и по повеќе од час и половина

Стотици автомобили чекаат на граничниот премин „Богородица“ за излез од Грција во Македонија. Километарска колона има пред преминот, а по продолжениот викенд.

Најголем број од автомобилите се со македонски таблички, а има и странци. Возачите се нервозни и нестрпливи, па бараат начин како побрзо да ја минат границата. Меѓу возилата има и автобуси полни со патници.

Според возачите  се чека и повеќе од час и половина од грчката страна. Колоната се движи бавно. Голем дел од сопатниците се излезени од автомобилите.

Во петокот големи гужви имаше и за излез од Македонија. И тогаш се чекаше на границата.

Треба да знаете
Последни објави