Search

Брнабиќ: Би поднела оставка, ама Вучиќ засега ја одбива

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ најави дека е подготвена да поднесе оставка од премиерската функција.

„Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да бидам појасно – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка, како ПВ, а претседателот на Србија тоа го знае и засега одбива. Можеби ќе се предомисли“, напиша Брнабиќ на Твитер.

Таа и порача на опозицијата:

„Вие сакате избори – нема проблем, ние секогаш сме за избори“.

Треба да знаете
Последни објави