Search

Мначестер сити предводен од Гундоган го совлада градскиот ривал Јунајтед и го освои ФА Купот

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити го освои и вториот трофеј сезонава, победувајќи го во финалето на ФА Купот градскиот ривал Манчестер јунајтед на Вембли (2:1). Мначестер сити на Вембли беше предводен од расположениот за голови Илкај Гундоган кој ги постигна двата гола за „граѓаните“, а првиот по само 13 секунди игра ! Мначестер сити ќе има можност сезонава да ја заврши со „триплета“ доколку за една недела во Истанбул го совладаат италијанскиот Интер во финалето од Лигата на шампионите.

Натпреварот за „црвените ѓаволи“ започна шокантно, Гундоган по само 13 секунди игра со одличен удар надвор од шеснаесетникот ја затресе мрежата на Де Геа. По овој шок, „црвените ѓаволи“ беа дезорјентирани, а Сити создаде уште две-три прилики за да ја зголеми предноста.

Не ги реализира, па стигна казната по половина час игра. Грилиш беше невниматален во својот шеснаестник и играше со рака, а сигурен реализатор на најстрогата казна беше Бруно Фернандеш.

Со по еден гол на двете страни се замина на паузата, а по само шест минути игра во вториот дел однвоо на сцена стапи Гундоган. Де Брујн запиша втора асистенција откако од корнер го пронајде Германецот кој успеа со еден не толку силен удар уште еднаш со удар надвор од шеснаесетникот да го матира Де Геа.

Треба да знаете
Последни објави