Search

Галтие ја напушта клупата на ПСЖ, а од Париз се збогуваат и Меси и Рамос

Тренерот на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, сигурно ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, тврди „Л’Екип“. 56-годишниот стратег е на кормилото на парижаните од минатото лето, но раководството на клубот веќе реши да се раздели со него.

Галтие е под договор уште една година, но нема да го одработи до крајот. Под негово водство ПСЖ ја освои титулата во Лига 1, а во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето од Баерн Минхен.

Катарските сопственици на ПСЖ веќе се во потрага по нов тренер. Се споменуваат имињата на Луис Енрике, Чаби Алонсо и на Жозе Мурињо.

Последниот натпревар Галтие ќе го има денеска против Клермон, а на овој меч ќе се збогуваат и Лионел Меси и Серхио Рамос.

Треба да знаете
Последни објави