Search

Во Широки Бријег по грешка пристигнала пратка со банани „зачинета“ со кокаин

Во компанијата во Широки Бријег, БиХ, во пакувања со банани е откриена поголема количина кокаин чија вредност се проценува на повеќе од 20 милиони КМ (10 мил. Евра), пишува Klix.ba.

Како што неофицијално дознаваат, вработените ја откриле дрогатан кога отишле во магациониот по банани и веднаш го известиле сопственикот на фирмата која пак ја аралмирал полиција. Фирмата се занимавала со увоз и извоз на овошје. Според првичните информации, откриениот кокаинот се нашол во компанијата најверојатно поради грешка при испораката.

Припадниците на Државната агенција за истраги (СИПА) излегла на терен и ги спроведува сите потребни истраги за расветлување на овој случај во Широки Бријег.

Се проценува дека количината на кокаин е меѓу 120 и 150 килограми, чија вкупна вредност е меѓу 20 и 30 милиони конвертибилни марки.

Според информациите на порталот Klix.ba, ваквата состојба е поврзана со прекуграничен криминал, а истрагата ја води СИПА. Случајот е во надлежност на Обвинителството и Судот на Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави