Search

Ким Катрал ќе се појави во финалето на серијата „И, едноставно, така“

Ким Катрал, која беше забележително отсутна од првата сезона на новото поглавје на „Сексот и градот“, со наслов And Just Like That… („И, едноставно, така..“), се согласи да се појави во втората сезона.

Според „Вараети“, таа ќе ја репризира улогата на Саманта Џонс во само една сцена од завршната епизода.

Истиот извор открива дека Ким го снимила својот дијалог без другите ѕвезди од серијата, вклучувајќи ја и Сара Џесика Паркер.

Кери Бредшо на некој начин ја одбележа приказната, Саманта Џонс беше омилениот лик на многумина, веројатно затоа што рушеше табуа. Гледано и во модна смисла, Саманта и Кери беа доминантни.

Ликот на Катрал беше објаснет како отсутен во приказната во која таа е преселена во Лондон.

Оригиналната „Сексот и градот“ се прикажуваше во шест сезони од 1998 до 2004 година и генерира два спиноф-филма.

Хит-серијата создаваше приказни за работата и љубовните врски на четири жени од Њујорк во 90-тите и раните 2000-ти.

Треба да знаете
Последни објави