Сијарто: Влезот на Украина во НАТО не може да биде на дневен ред на самитот во јули

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави денеска дека влезот на Украина во НАТО не може да биде на дневен ред за време на самитот на алијансата во јули во Вилнус.

„Со тоа мора да бидеме јасни. Пристапувањето на земја што моментно е во војна не може да биде на дневен ред“, рече Сијарто, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека нема потреба да се разговара за датумите кога станува збор за можното членство на Украина.

Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата, но набргу потоа германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, слично како и Сијарто, рече дека една земја не може да ѝ се приклучи на алијансата додека е среде војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев сака да добие јасна одлука за својата иднина во НАТО на јулскиот самит на лидерите на воената алијанса во Вилнус.

Треба да знаете
Последни објави