Вучиќ му се заблагодари на Макрон за поддршката по немирите во Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Молдавија се сретна со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Вучиќ рече дека на Макрон му се заблагодарил за цврстиот став и за поддршката што ѝ ја дал на Србија во однос на последните случувања во Косово.

„Изразив загриженост за најновата ескалација на насилството во Косово, а со претседателот Макрон разговарав и за понатамошните чекори за одржување на мирот и стабилноста во регионот“, изјави Вучиќ по средбата.

Макрон претходно ја прозва Приштина дека е одговорна за немирите на сверот во Косово.

Треба да знаете
Последни објави