Search

Бесими негира хакерски напад на трезорската сметка – системот бил тестиран, а не нападнат

Трезорот функционира беспрекорно 24/7, сите системи функционираат, но се прават понекогаш проверки, а трезорот е безбеден во однос на базата на податоци, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашната Вин Вин на Телма.

Бесими објаснува дека ваквите коментари произлегуваат од честите хибридни војни кои се водат во 21 век, како што беше случајот со хамерксиот напад на Фондот за здравствено осигурување, а Македонија како членка на НАТО веќе ги препознава тие ризици.

-Некогаш превентивно се тестира целиот систем, имаше случај кога префрлањето на трезорската канцеларија од Скопје со централата имаше репарирање и само тој ден рачно се правеа плаќањата. Но, нема застој, сите плаќања се реализраат и нема простор за шпекулација, објасни Бесими.

Треба да знаете
Последни објави