Search

По тешка борба со карциномот почина Драги „Шпага“ првиот македонски ријалити победник

Згасна животот на уште еден урбан скопски лик, Драги Христов познат како Шпага.

Драги почина на 52-годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му бил откриен рак на белите дробови.

Пошироката македонска јавност го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“.

Шоуто најпрво се прикажуваше на МТВ, а токму Драги – Шпага беше победникот во првата сезона и како награда доби „Шевролет Матиз“.

Драги потоа ќе стане главен машки актер во филмската порно комедија „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден на видеокасета.

Шпага имаше проблеми и со Ковид-19, кога едвај преживеа затоа што завршил во болница во полусвесна состојба, па бил во кома дури 20 часа со тешко внатрешно крварење во желудникот.

По кусо и тешко боледување, ракот ќе го земе последниот замав, а Драги бил погребан вчера во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.

Треба да знаете
Последни објави