Амбасадорот Хил предупреди дека Косово ќе се соочи со последици поради постапките на Владата во Приштина

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил изјави дека Косово ќе ги сноси последиците поради постапките на Владата на Косово.

„Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Курти. Секретарот Бликен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина“, рече Хил во изјавата за новинарите во Белград.

Американскиот амбасадор предупреди дека не смее да се изгуби компасот и насоката на движење, наведувајќи дека тоа е бриселскиот дијалог, формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство и дека регионот треба да продолжи со евроинтеграциите.

Од 26 мај на северот на Косово се зголемија тензиите, а од тој ден новите лидери на Звечани, Лепосавиќ и Зубина Поток – сите Албанци, влегоа во општинските згради под придружба на косовската полиција.

Американскиот амбасадор на Косово, Џефри Ховениер, изјави дека Владата на Косово не се координирала со САД за акциите преземени на северот и затоа ги претрпела првите последици – откажувањето на учеството во вежбите „Дифенд Европа 2023“.

Треба да знаете
Последни објави