Search

Сензанција на Ролан Гарос: Медведев загуби од 172. тенисер во светот

Титулата на мастерс турнирот во Рим беше само блесок на Дани Медведев на земјена подлога, покажа првото коло на Ролан Гарос.

Рускиот бомбардер веднаш го заврши натпреварувањето на вториот Грен слем турнир, спакувајќи ги куферите откако беше победен во пет сета од дебитантот на Отвореното првенство на Франција, Тиаго Сејбот Вајлд.

Бразилецот победи со 7:6, 6:7, 2:6, 6:3, 6:4, доколку имаше малку повеќе рутина натпреварот ќе траеше многу помалку од четири часа и 15 минути.

Но и вака испадна идеално за јуниорскиот шампион на УС Опен и момчето кое стигна до главната ждрепка од квалификациите, а вториот носител потврди дека е далеку од моќен ас на побавна подлога…

За Медведев, кој пред десетина дена славеше во Рим, најдобар резултат на Ролан Гарос останува четвртфиналето од 2021 година.

Сејбот Вајлд има 23 години, моментално е 172. тенисер во светот, а најдобар пласман му беше во септември 2020 година кога беше 106. на АТП листата.

Треба да знаете
Последни објави