Search

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кувајт, Гази Хамед Алфадли

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Гази Хамед Алфадли, новоименуван амбасадор на Државата Кувајт во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија и Државата Кувајт, низ годините, изградија билатерални односи и соработка кои традиционално се базираат на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, при што ја нагласи подготвеноста за натамошно унапредување на меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес.

Новоименуваниот кувајтски амбасадор Гази Хамед Алфадли на церемонијата на предавање на акредитивните писма истакна дека е целосно подготвен да ги поттикне и зајакне односите меѓу Кувајт и Северна Македонија за време на неговиот мандат.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Гази Хамед Алфадли му посака успешно извршување на функцијата.

Треба да знаете
Последни објави