Search

Илјадници христијани во делириум се собираат во црква во Мисури за да допрат чудесен труп на калуѓерка

Илјадници луѓе се собираат за да го видат телото на сестрата Вилхелмина Ланкастер откако беше откопано од гробот во Мисури без знаци на распаѓање, и покрај тоа што беше погребано во 2019 година, пишува Дејли мејл.

Голем број католици се упатија кон Говер – околу 60 километри северно од Канзас Сити – за да бидат сведоци на глетката на беспрекорно сочуваното тело на Ланкастер, коaј почина во мај 2019 година на 95-годишна возраст. Некои го нарекуваат чудесен знак на светост.

Опатијата, која претходно примаше не повеќе од 20 посетители дневно, сега има околу 1.000 посетители дневно, рече Ешли Ханд, портпаролка на епархијата Канзас Сити-Св. Јосип.

Телото на Вилхелмина Ланкастер бeше јавно изложено до понеделникот, кога посетителите можеа да го допрат нејзиното тело и да се молат. Од денеска посетителите сè уште ќе можат да ја видат калуѓерката и да го посетат ова место, но повеќе нема да можат да го допираат нејзиното тело бидејќи ќе биде обвиткано во стакло.

Стаклената рамка на телото на Ланкастер ќе биде поставена во близина на олтарот за да „го пречека растечкиот број на приврзаници“.

Фотографиите направени на местото на настанот се споделени на интернет, на кои се гледа како посетителите нежно ги допираат рацете на Ланкастер, кои се покриени со восок заедно со нејзиното лице. Лицето и рацете на калуѓерката беа покриени со восочна маска откако беше откриено дека нејзиното тело е недопрено.

Црковните претставници рекоа дека го истражуваат случајот на калуѓерката и велат дека нераспаѓањето на телото може да биде знак на светост, иако тоа не е дефинитивно, пишува Дејли мејл.

Треба да знаете
Последни објави