Search

Град Скопје: Новата администрација наследи од своите претходници само долгови и промашени проекти 

Единствено нешто кое новата градска администрација го наследи од своите претходници е долгови и промашени проекти.

Недостигаат столбови во проекти, промашени се трасите, експропријации не се завршени, а градот е заглавен во милионски долгови поради недомаќинското работење во минатите мандати.

Претходниот градоначалник започнал да гради мост кој што буквално завршува во дневната соба на семејна куќа, доколку најпрвин била завршена експропријацијата, поточно 285 поединечни екпропријации како што се работи во целиот свет, мостот АСНОМ ќе беше веќе готов и значително ќе беше неоптоварен сообраќајот во овој дел од градот.

Изградбата на булеварот Љубљанска е исто така блокирана поради неразрешени имотно правни односи.

Jaвноста мора да биде информирана и за милионските долгови кои ги креирале претходните градоначалници. Комерцијална банка АД Скопје го тужи Град Скопје, 1.179.900 евра оштетно побарување, а по основ на камати се бараат над еден милион евра само за овој спор.

Друштво за градежништво ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ во 2019-та покренало спор чија вредноста е отприлика 176 милиони денари, или речиси 3 милиони евра.

Скопски саем има оштетно побарување во вредност 110 милиони денари, речиси 2 милиони евра, средствата за комуналии се исплатени во 2007 година, а одобрение за градба издадено 2008, кое поништено  во меѓувреме, но претходниот градоначалник на Град Скопје не ги вратил парите уплатени за комуналии. И во овој случај како и во претходните покрената е тужба, истата е за наплата на побарување каде покрај овие 2 милиони евра, градот се задолжува да плати и скоро 480.000 евра по основ на камати.

Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ не покренале постапки за градоначалници од спротивните табори бидејќи веќе 30 години овие две партии се во тесна соработка и коалиција која е на штета на граѓаните. 

Коалицијата ДПМНЕ-СДСМ продолжува и до ден денес во Советот на Град Скопје каде отворено двете најголеми македонски партии работат спротивно од интересите на граѓаните.

Но како што покажуваат и анкетите 65% од тивкото мнозинство е решено да ги казни овие партии, а граѓаните покажаа и на избори дека ја поддржуваат програмта „За модерно Скопје”.

И покрај сите пречки и блокади од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ програмата „За модерно Скопје” ќе биде реализирана бидејќи истото им го должиме на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави