Search

Високиот инспектор за правда на Република Албанија на средби во Јавното обвинителство

Високиот инспектор за правда на Република Албанија Артур Метани денеска го посети Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, каде се сретна со јавните обвинители во државното обвинителство Џељаљ Бајрами и Соња Симовска.

На средбата, како што информира Јавното обвинителство, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија во земјава Фатос Река, се разговараше за организацијата на јавнообвинителските структури во двете земји, со посебен фокус на размената на искуствата за организацијата на системите за надзор над работата и за утврдување дисциплинска одговорност на јавните обвинители.

– Иако системите за одговорност и контрола во двете земји се разликуваат, присутните нагласија дека најважно е тие системи ефикасно да функционираат и да се избегне секакво влијание врз постапките, се вели во соопштението.

Во рамките на посетата на Скопје, во текот на вчерашниот ден Метани оствари средба и со претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели. 

Треба да знаете
Последни објави