Search

Ѓоковиќ успешно стартуваше на Ролан Гарос

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше успешен старт на гранслем турнирот Ролан Гарос. Тој во три сета го совлада Александар Ковачевиќ од САД, а најмногу проблеми имаше во третиот сет кој го доби во тај-брејк. Првиот го доби со 6:3 во гемови, во вториот му дозволи само два гема на ривалот, а во третиот и загуби двапати сервис, а на крајот го комплетираше со 7:6 во гемови, на поени 7:1.

Ѓоковиќ во следното коло ќе игра против Мартон Фучовиќ кој со 3:1 во сетови беше подобар од Хуго Грение.

Искусниот Фабио Фоњини го елиминира десеттиот светски тенисер Феликс Оже – Алијасим со 3:0 во сетови (6:4, 6:4, 6:3). Роберто Баутиста – Агут со 3:0 во сетови беше подобар од Јибинг Ву од Кина.

Кај дамите, Медисон Кис се пласира во следната рунда со триумфот од 2:1 во сетови (6:1, 3:6, 6:1) против Каја Канепи, а Слоун Стивенс ја елиминира Каролина Плишкова со 2:0 во сетови (6:0, 6:4).

Треба да знаете
Последни објави