Столтенберг: Приштина да престане да презема еднострани и дестабилизирачки чекори

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Приштина и Белград треба да се вклучат во дијалог под покровителство на ЕУ, како единствен начин за мир и нормализација.

Тој истакна дека Приштина мора да престане да презема еднострани и дестабилизирачки чекори.

-Разговарав за Косово со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борела, напиша Столтенберг на Твитер.

Тој посочи дека КФОР и НАТО ќе продолжат да обезбедуваат безбедна средина на Косово.

Треба да знаете
Последни објави