Роналдо и Ал Наср и официјално ја загубија битката за титула

Ал Наср зимава го купи Кристијано Роналдо за годишна плата од 200 милиони евра во момент кога беше првопласиран и со доаѓањето на Португалецот уште поголем фаворит за титула, ама на крајот коло пред завршување на сезоната во Саудиска Арабија, официјално Ал Итихад е новиот шампион.

Ал Наср вчера се сопна на гостувањето кај Ал Етифак, за кој игра македонсклиот репрезентативец Дарко Велковски, па Роналдо вечерва беше немоќен, не успеа да даде гол за да го одржи својот клуб во живот во трката за круната. Португалецот не даде гол, Ал Наср ремизираше 1-1 откако Луиз Густаво израмни во 56-та минута по водството на домаќинот преку Ниакате во 43-та.

Велковски беше стартер и играше до 75-та минута, кога го замени Ал Гамди.

На крајот само бод, а Ал Итихад победи кај Ал Фејха, чиј член е Александар Трајковски и така официјално стана првак. Коло пред крајот Ал Итихад има пет бода повеќе од Ал Наср.

Треба да знаете
Последни објави