Search

Несторовски погоди Удинезе прокоца два гола предност

Македонскиот фудбалски репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски по подолга пауза постигна гол за италијанскиот калчолигаш Удинезе, но неговиот тим иако имаше предност од 2:0 на крајот загуби на гостувањето кај Салернитана (3:2) во рамките од 37. коло.

Удинезе поведе со гол на Зегелар во 25. минута, а само пет минути подоцна Несторовски зголеми на 2:0. Овој погодок за Несторовски беше втор оваа сезона.

Пред крајот на првото полувреме Кастанос намали на 2:1, а во 57. минута Кандрева израмни на 2:2, но тоа не беше се. Во 96. минута Трост-Еконг постигна гол за комплетен пресврт и победа на Салернитана од 3:2.

Несторовски играше до 64. минута.

Во истиот термин Торино со 4:0 победи на гостувањето кај Специја.

Треба да знаете
Последни објави