Search

ВМРО-ДПМНЕ: На Ковачевски не може да му се верува, францускиот предлог, бугарски клубови,  преговори со ЕУ, за се излажа, така и за бинационална држава

На Ковачевски не може да му се верува, францускиот предлог, бугарски клубови,  преговори со ЕУ, за се излажа, така и за бинационална држава

Ковачевски е човек кој не држи до својот збор.

Истиот Димитар Ковачевски велеше дека францускиот предлог е лош предлог. Потоа тој стана негов главен пропагатор и застапник.

Димитар Ковачевски велеше дека нема простор за бугарски клубови во Македонија, потоа во сите градови судовите под контрола на Ковачевски регистрираа клубови кои шират омраза и поделби.

Ковачевски велеше дека сме почнале преговори со ЕУ, денес со него на чело на владата сме подалеку од ЕУ било кога.

Зарем сега треба ли да му се верува кога Ковачевски вели нема бинационална држава, а Ахмети молчи?

Треба да знаете
Последни објави