Search

СДСМ: Општина Шуто Оризари сака да донесе спорен ДУП за згради

Изјава за медиуми, Ерсан Зеј, секретар на ОО СДСМ Шуто Оризари

На денешната свикана седница на Советот на Општина Шуто Оризари на дневен ред е ставена точка од страна на претседателот на Советот, Сеад Исмаил, по наредба на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш. Предлог одлука за утврдување на урбанистички план за опфат на локација на којашто се наоѓаме сега.

Почитувани советници на Град Скопје сакаме да ве информираме дека со ГУП на Град Скопје на оваа локација се предвидени објекти наменети за образование. Со оваа предлог одлика за утврдување на нацрт деталниот урбанистички план, Курто Дудуш сака по пат на шверцерски начин да вцрта по планот две маркици за згради односно објекти за колективно домување, намена А2. 

Освен што постапката не по прописите на ГУП на Град Скопје секојдневно како советници добиваме поплаки од граѓаните на општина Шуто Оризари за нивната загриженост околу изградбата на објектите односно згради.

Од овде упатуваме повик и до сите советници на Општина Шуто Оризари да не ја поддржат оваа предлог одлука.

Како родители сакаме да кажеме големо НЕ за изградба на згради на оваа локација. Од друга страна поддржуваме објекти за образование, градинки и училишта.

Треба да знаете
Последни објави