Search

Познати се бараж двојките за пополнување на Втората лига

Извлечени се трите бараж-двојки за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за следната сезона

Единствениот второлигаш меѓу шесте екипи, Тетекс, својот статус ќе го брани против најдобриот тим од Трета лига – исток, Осогово од Кочани. Најдобриот од Југ, Вардар Неготино ќе се пресмета со Новаци, кој ја освои Трета лига- југозапад, додека единствениот тим со максимални победи, Влазрими од западната група, ќе се пресмета со најдобриот меѓу екипите од северот, Башкими.

Натпреварите ќе се играат на 28 мај, в недела, а ФФМ дополнително ќе информира за локациите, кои мора да бидат неутрален терен. Трите победници ќе се пласираат во Втора лига за следната сезона, на која ѝ се приклучува и Скопје, како поразен во баражот за оптанок во Прва лига

БАРАЖ ЗА ВЛЕЗ/ОПСТАНОК ВО ВМФЛ

ТЕТЕКС – ОСОГОВО 
БАШКИМИ – ВЛАЗРИМИ 
ВАРДАР НЕГОТИНО – НОВАЦИ 

Недела, 28. мај во 17:00 часот 

Треба да знаете
Последни објави