Search

Родриго во 89 минута го совлада Димитриевски за Реал Мадрид да им се врати на победите

Реал Мадрид брзо им се врати на победите, по минатонеделниот пораз од Валеснија во шпанската фудбалска Ла Лига. На „Сантијаго Бернабеу“ домашниот Реал Мадрид забележа победа во малото градско дерби со Рајо Ваљакано (2:1) со головите на Карим Бензема и Родриго. За „кралевите“ ова беше 23. триумф во шпанскиот шампионат.

Поради немилите настапи на средбата на „Местаља“ и добиениот црвен картон, Винициус не беше во тимот на вечерашната средба, па работата ја завршија капитенот Бензема и Родриго. Во 31. минута на додавање на Валверде, погоди Бензема за 1:0, а Де Томас во 84. минута израмни (1:1) но не им го скуси задоволството на домашнитер навивачи бидејќи пред самиот крај Родриго во 89 мнинута го совлада македонскиот репрезентативен голман Стола Димитриевски за триумф од 2:1.

Виљареал го совлада Кадиз (2:0) и остана во игра за пласман меѓу првите четири тима кој обезбедува настап во Лигата на шампионите. „Жолтата подморница“ со двата гола на Џексон прокнижи три бода и во последните две кола ќе влезе со заостанување од пет бода зад четвртопласираниот Реал Сосиедад.

Треба да знаете
Последни објави