Search

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Најискрено ви посакувам големиот празник да го поминете пред сè во добро здравје, исполнети со љубов, среќа и радост. 

Поставувајќи ги темелите на писменоста и духовноста кај словенските народи, Свети Кирил и Методиј извршија подвиг кој им обезбеди статус на светци во црквата, но и неизбришливо место во светската историја поради што со право се прогласени и за заштитници на Европа. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование, наука. 

И единаесет векови по нивното упокојување, универзалното дело на солунските браќа ги надминува верските, националните и идеолошките рамки и е пример за хуманизам, алтруизам и правдољубивост. 

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на Свети Кирил и Методиј.

Треба да знаете
Последни објави