Search

Меџити: Лидер на ДУИ де факто е Груби, партијата наликува на ВМРО-ДПМНЕ на Сашо“

-ДУИ не беше ваква. Во последно време, народот зборува дека ДУИ повеќе личи на ВМРО ДПМНЕ на Сашо или некогашната ДПА.

На овој начин потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити во емисија на 21ТВ го објаснува тврдењето дека не успева да го препознае лидерот на партијата Али Ахмети со последните постапки.

-Али Ахмети ваков не го познаваме. Тој држеше долги состаноци на Претседателството од 13 до 15 часови, ги слушаше мислењата за и против, никого не оставаше настрана, играше улога на родител. Ги слушаше двете страни и на крај ќе пресечеше-рече Меџити.

Според Меџити, со дозвола на Ахмети, сега целата власт на партијата е во рацете на Артан Груби. А ова што се случува во партијата не е добра порака за новите генерации кои размислуваат поинаку.

-Која е пораката за идните генерации на кои сакаме да им ја оставиме ДУИ или албанската политика. Албанците треба да бидат униформирани и да мислат само како што мисли лидерот а во случајов Артан Груби. На моменти има дилеми дека лидер де факто е Артан Груби-вели Меџити.

Меџити заврши дека сепак Ахмети е главна фигура на ДУИ, основач и тешко е да се помисли на ДУИ без Али Ахмети на чело на партијата.

Треба да знаете
Последни објави