Search

Лаутаро со два гола се погрижи Интер да го сочува трофејот од Купот на Италија

Аргентинскиот фудбалски интернационалец Лаутаро Мартинез со два гола се погрижи Интер да го сочува трофејот од Купот на Италија. Во финалето тимот од „Џузепе меаца“ ја совлада Фиорентина (2:1) на неутрелен терен на Олимпико во Рим.

Со овој триумф Интер по деветти пат го освои Купот на Италија. До трофејот Интер стаса со пресврт. Сите три погодоци на мечот беа постигнати во првото полувреме.

Фиорентина имаше почеток како од соништата, Николас Гонзалес постигна гол уште во третата минута и донесе водство на виолетовите од 1:0.

Водството на Фиорентина траеше до 29. минута кога по додавање од Брозовиќ, Лаутаро Мартинез постигна гол за израмнување на 1:1. Само осум минути подоцна нов гол на Лаутаро, Аргентинецот погоди за комплетен пресврт и водство на Интер од 2:1.

Треба да знаете
Последни објави