Search

Барселона двапати по ред загуби во Ла Лига за прв пат од 2021 година

Барселона претрпе два порази во низа. Избраниците на Чави синоќа на гости загубија од Ваљадолид со 3:1 во 36. коло од Ла Лига. Минатото коло беше поразена од Реал Сосиедад со 2:1.

Каталонците претрпеа два пораза во низа во шампионатот на Шпанија за прв пат од октомври 2021 година. Тогаш тие беа поразени од Реал и Рајо Ваљекано.

Во преостанатите два натпревара оваа сезона во Ла Лига, Барселона ќе се соочи со Мајорка и Селта Виго.

Каталонскиот фудбалски великан ја има обезбедено шампионската титула. 

Треба да знаете
Последни објави