Search

Руски Сухој-27 пресретнал два американски стратешки бомбардери над Балтикот

Руски ловец Су-27 пресретнал два американски стратешки бомбардери Б-1Б над Балтичкото Море, соопшти денеска рускиот Национален одбранбен контролен центар.

Како што е наведено, радарите откриле две воздушни цели кои се приближувале до руската граница, по што бил подигнат во воздух ловец Су-27 од воздушната одбрана на балтичката флота, пренесува РИА Новости.

-Екипажот на рускиот борбен авион ги класифицираше воздушните цели како два стратешки бомбардери Б-1Б на американското воено воздухопловство и ја завзема доделената дежурна зона. По отстранувањето на странските воени авиони од државната граница, рускиот борбен авион се врати во својата база, се вели во соопштението.

Се додава дека рускиот Су-27 летал во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и не ја нарушуваат границата на земјата.

Треба да знаете
Последни објави