Search

Шест лица од кои четири деца загинаа при уривање на покрив во училиште во Тајланд

Шест лица, меѓу кои четири деца, загинаа кога силен ветар го урна металниот покрив на основно училиште во северниот дел на Тајланд.

Официјални лица објавија дека 18 лица се хоспитализирани, јавува Асошиејтед прес.

Како што наведоа, загинаа еден родител, чистачка во училиште и четири деца.

Учениците побарале засолниште од невремето под покривот на центарот за специјални активности во училиштето, кој се урна, соопшти службата за заштита од природни катастрофи во провинцијата Фишит.

Метеоролозите претходно предупредија дека обилните дождови ќе ги погодат северните делови на Тајланд оваа недела, а понеделникот беше официјалниот почеток на сезоната на дождови во јужноазиската земја.

Треба да знаете
Последни објави