Search

Унгарски министер за одбрана: Испораката на оружје води до ескалација на ситуацијата во Украина

За Унгарија прекинот на огнот, а не испораката на оружје е начин да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска министерот за одбрана на земјата Кристоф Салај-Бобровнички.

По средбата со министрите за одбрана на ЕУ во Брисел, тој рече дека јасно ставил до знаење дека Унгарија не поддржува ниту една мерка што ќе доведе до натамошна ескалација, јавија унгарските медиуми.

– Продолжувањето на испораката на оружје очигледно води кон ескалација на ситуацијата, предупреди Салај-Бобровнички.

Тој додаде дека Унгарија поддржува мир и не испраќа оружје во Украина, но му помага на Киев преку програмата за хуманитарна помош.

Треба да знаете
Последни објави