Search

Спасовски:Делото на Светите браќа живее и денес преку нашиот македонски јазик, признат и рамноправен со другите светски јазици

Фејсбук статус на Оливер Спасовски

„Вечерва во црквата „Св. Софија” во Охрид, присуствував на прием по повод државниот празник 24 Мај -Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, а на покана од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Под мотото „Писмото е нашиот универзум“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, во Охрид – жариштето на македонската и сесловенската писменост, започнува дводневното свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Првата словенска азбука – глаголицата е изворот, како на денешните современи словенски јазици, така и на македонскиот јазик. Делото на Светите браќа живее и денес преку нашиот македонски јазик, признат и рамноправен со другите светски јазици во ОН и во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави