Search

Сопственикот на стрелиштето каде оделе Кецмановиќи тврди дека Коста таму никогаш не пукал

Ратко Ивановиќ, претседател на белградскиот стрелачки клуб „Партизан“, изјави декаКоста Кецмановиќ, кој уби девет негови врсници и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ никогаш не пукал на стрелиштето каде доаѓал заедно со неговиот татко, кој вежбал стрелање, пишува Курир.

„Таткото од време на време доаѓаше кај нас. Го носеше и синот, но момчето никогаш не влезе во стрелиштето, а камоли да пукаше. Седеше во градината на кафулето и го чекаше надвор. Можеби ќе се обидел да влезе, но тврдам дека во тој случај инструкторот веднаш ќе го отстранил“, вели Ивановиќ.

Тој објаснува дека се изнесуваат погрешни информации и тврдења кои, како што вели, едноставно не се на место.

„Тврдам. Повторувам, тврдам… Момчето сигурно не пукало. Како клуб соработуваме со полицијата и се што побараа во информација или документација по делото, ние го предадовме. Предадени се снимките од безбедносните камери од стрелиштето, дневниците за стрелање, список на муниција и се друго што побарале“, објаснува претседателот на стрелачкиот клуб и додава:

„Снимките од камерата се чуваат минимум четири месеци, а најверојатно и до една година, стрелиштето е под видео надзор 24 часа на ден, а секој што ќе влезе мора да му се легитимира со лична карта на инструкторот, кој впишува информации во дневникот на гаѓање“.

Инаку, стрелиштето редовно го проверува полицијата и не само дневниците туку и се останато поврзано со работењето на стрелиштето. Од обвинителството потврдија дека е формиран посебен предмет за да се утврдат сите околности поврзани со работата и делувањето на Стрелачкиот клуб „Партизан“ и дека на полицијата и е наредено да ги собере потребните информации.

Треба да знаете
Последни објави